Со законски измени до синдикална репрезентативност !

  Претседателот на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, во Собранието на Република Северна Македонија,  Бојан Стојаноски и пратениците Даниела Велимова и Беким Сали денеска во македонското Собрание имаа средба со претставници на дел од синдикатите, за законските измени за намалување на условот на репрезентативноста на синдикатите од 10 на 5%, а со цел да учествуваат во Економско-социјалниот совет.

Пратеникот, Стојаноски вели дека целта на денешната состанок е да имаат една отворена средба, каде што се поканите сите синдикати, односно сите оние конфедерации или здружувања на синдикати и по скратена постапка да ги поднесат законските измени во Законот за работни односи. Посочи дека измените се направени со конзенсус. Тој смета дека намалувањето на условот за репрезентативност од 10 на 5% ќе ја демократизира токму репрезентативноста на синдикатите во Економско-социјалниот совет, а на тој начин повеќе работници ќе бидат претставени во овој совет. 

 Забележа дека со повеќе синдикати во Економско-социјаланиот совет може да се направи поголем притисок и врз работодавачите и врз Владата за исполнување на повеќе синдикални и работнички барања.
Прашан зошто не присуствуваат претставници на ССМ, Стојаноски одговори дека лично го поканил претседателот на ССМ, кој одговорил дека во самиот синдикат ќе заземат заеднички став, а поканата останува отворена и за средба со претставниците на ССМ, кои сметаат дека на овој начин се елиминира и надгласува нивното влијание во однос на провладините синдикати.

Пронајдете не на следниве мрежи: