Со „Мерцедес“ покосил велосипедист среде Скопје- велосипедистот со тешки повреди пренесен во болница

На 08.09.2019 во 15 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Ристо Шишков“ и улицата „Аминта Трети“, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш.(31) од Скопје, и велосипед „Каприоло“ управуван од Ј.Х.(25) од Скопје.


Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.