Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

   Со сослушување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во судницата во „Идризово“ денеска треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој  загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. 

На минатите рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои кобната вечер биле во дискотеката. За денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани уште пет сведоци.
Обвинети кои изјавија дека не се чувствуваат виновни, преку своите адвокати, од друга страна, ја оспорија основаноста на обвинението. Нивните одбрани тврдат дека обвинетите не презеле дејства што би можеле да доведат до пожарот, оти поседувале валидна документација и дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на индивидуална вина. Одбраната најави изведување докази и сведоци што, според нив, ќе ја потврдат оваа теза.
Родителите на загинатите од „Пулс“ се чувстсвуваат излажани, бараат почести рочишта

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.
За несреќата се обвинети над 30 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.
Судењето ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството е застапувано од тим од 15 јавни обвинители

Пронајдете не на следниве мрежи: