Со нож прободен малолетник на концертот на Раста во Охрид

Момче од Скопје (17 години) било прободено со нож во Охрид, за време на концертот на Раста, Маја Беровиќ и Таско. Настанот се случил на 31-ви јули во СРЦ Билјанини извори, во 01:30 часот.
-Додека се одржувал концертот, внатре во стадионот присутните го забележале повреденото момче, по што истото било префрлено во Општа болница Охрид.
Станува збор за малолетно лице, момче на возраст од 17 години од Скопје. Повредата е од остар предмет, односно нож. Се превземаат мерки за расветлување на случајот – изјави за “,Фокус” Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Избоденото момче е подоцна хоспитализирано на скопската клиника за торакална хирургија.
извор: fokus.mk

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.