Со Омега 3 против дебелината

Група француски, британски и јапонски научници објавиле дека незаситените масни киселини, омега 3 имаат главна улога во регулирањето на телесната тежина и метаболизмот.
Научниците, чии истражувачки резултати биле објавени во магазинот “Nature”, дошле до заклучок испитувајќи една од штетните генетски мутации R270H на 14.500 дебели лица.
Според научниците, станува збор за тоа дека мутацијата не генот GPR120, кој произведува ќелиски рецептор незаситени масни киселини, ги зголемува за 60% опасностите од здебелување на луѓето.
Нормално активиран во присуство на масни тела, рецепторот кој зависи од генот GPR120 поттикнува производство на инсулин и лачење хормони на ситост кои ја сечат гладта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.