Со провокативен стајлинг Брена покажа премногу во Будва, па објасни (ВИДЕО)

Со својот изглед на настапот на црногорското приморје Лепа Брена привлече огромно внимание. Настапи облечена како тинејџерка во бела комбинација која совршено ја истакнува нејзината фигура во безмалку полните 59 години, но и нејзината бела долна облека. Имено, шлицот е предлабок, а должината на фустанот прекуса, па многумина останаа изненадени имајќи во предвид дека таа веќа одамна не се облекува како на почетокот на својата кариера, кога носеше прекратки шорцеви.
– Па јас носам кратки фустани и рачно изработени костими за сцена веќе 35 години, со трикоа кои се шиени во комбинација со фустаните. Такви костими носат Шер, Тина Тарнер, Џенифер Лопез и сите големи светски ѕвезди. Јас само ги следам светските трендови последниве 35 години и не отстапувам од тоа, рекла Брена.
Бидејќи откако се појавија фотографиите и снимките предизвика голема бура на социјалните мрежи, Брена призна дека воопшто и не ги чита коментарите на Интернет.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.