Според премиерот Зоран Заев загубите од приходите на ДДВ, сега се движат околу 30 милиони евра, а штетата е уште поголема бидејќи се создава нелојална конкуренција.
– Ќе имаме одличен систем и очекувањата се дека граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно на самиот старт, а зависно од процентот на успешност, толку повеќе ќе раснат и вкупните пари што ќе одат кај граѓаните, но и во буџетот, рече Заев, додавајќи дека доцна синоќа имал состанок со претставници на Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.
Со воведувањето на повратот на ДДВ се очекува граѓаните сами да бидат контролори и да добијат значителни приноси, но и да се подобри наплатата на ДДВ. /МИА
Пронајдете не на следниве мрежи:


