Со само една реченица, студентка положила испит со сите бодови: Прочитајте ја!

Задолженијата на факултетите честопати ја тестираат снаодливоста на студентите. Но, понекогаш одредени студенти се решаваат на храбри постапки кои би можеле да доведат до паѓање на предметот кој е во прашање.
За среќа, постојат професори кои ја препознаваат и поддржуваат смислата за хумор на некои од нивните студенти.
Таков е случајот со Алисон Гарет, која на Твитер го сподели својот есеј кој брзо стана популарен на социјалните мрежи.

Таа требало да напише есеј од 500 зборови за филмот „Боречки клуб“, но решила да напише само една реченица. Таа го напишала единственото правило на клубот. Секој кој го има гледано филмот би знаел за што станува збор.


Нејзиниот есеј со наслов „Боречки клуб“, за кој ги освоила сите 100 бодови, гласел: „Првото правило на Боречкиот клуб е – не зборуваш за боречкиот клуб.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.