Со силен аплауз учесниците на „Кој е следен“ им одаддоа признание на здравствените работници

Од пред Собранието маршот по кејот на реката Вардар продолжи до зградата на Владата

ФОТО: „360 степени“

„Секој еден може да е следен“, „Доста беше смрт“, „Правда за жртвите“ се дел од паролите што неколкуте илјади демонстранти на собирот „Кој е следен“ ги извикуваа пред македонското Собранието пред кое беше поставен кордон полиција.

ФОТО: „360 степени“

ФОТО: „360 степени“

Движејќи се покрај болницата „Свети Наум Охридски“ тие со аплауз им одаддоа признание на здравствените работници.

Од пред Собранието маршот по кејот на реката Вардар продолжи до зградата на Владата.

Претходно, со триминутен молк и ѕвездено небо на плоштадот „Македонија“ им беше оддадена почит на загинатите во трагедијата во Кочани.

Пронајдете не на следниве мрежи: