Со фантомки на главата од мотор пукале кон нив: Маја Беровиќ во шок по пеколот, „Не го очекував ова во земјата во која сум родена“

Во комбето во кое се наоѓал бендот на популарната босанска пејачка Маја Беровиќ е пукано со огнено оружје, пренесуваат српските медиуми.
Како што пренесува „Блиц“ бендот на Маја од настап тргнал кон хотелот во Мостар, а во текот на возењето непознати лица со два мотори и фантомки на главата и огнени оружја со пригушувачи испукале неколку куршуми во автомобилот и ги дупнале сите четири гуми.
Пејачката во тие моменти била во другото возило и го видела целиот наста.


-Искрено, јас сум во шок откако сфатив што се случува. Во земјата во која сум родена гледам како без никаква причина некој пука во комбето во кое се наоѓа мојот бенд. При тоа никој не ја знае причината која им го загрози животот на сите во автомобилот. Никој од нас не знаеше дека ова би се случило, а никој немал ни повод за да направи вакво нешто. Едвај чекам да се разреши целата ситуација, вели Беровиќ.
На лице место веднаш излегле и екипи на полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.