Тим на Министерството за внатрешни работи со хеликоптер евакуираше повреден италијански државјанин од непристапен терен на подрачјето на СВР Тетово, откако претходно била добиена пријава од Центарот за управување со кризи.
Како што потврдуваат од МВР, по добиената информација за повредено лице на тешко достапна локација, бил ангажиран полициски хеликоптер кој извршил спасувачка интервенција.
Повредениот италијански државјанин е транспортиран во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана медицинска помош.
Надлежните институции засега не соопштуваат повеќе детали за околностите под кои дошло до повредата.



