четврток, 12 ноември 2026
Најново

Со BMV прегазил две млади девојки и избегал

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Скопјанецот вчера попладне со автомобил БМВ удрил во пешаци, па избегал.
Се работи за А.П.(48) кој ги прегазил вчера А.З.(22) и С.Т.(21), двете од Скопје, па веднаш избегал од местото на настанот на булеварот „Кочо Рацин“. Подоцна сам се пријавил во полиција.
-Во незгодата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а А.З. се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.

Поврзани вести