Спанаќ по традиционален рецепт: Кремаст, лесен и заситувачки, ќе ја излижете и чинијата

Ви треба:

300 г спанаќ500 мл млеко1 кромид1 чешне лук2 лажици брашно1 лажица путер1/2 лажичка сол

Подготовка:

Ставете го спанаќот во тенџере, прелијте го со вода за да го покрие и варете го околу пет минути. Процедете го и исечкајте го што е можно ситно. Ставете го путерот, ситно исечканиот кромид во тенџере и пржете додека не стане проѕирен. Додадете рендан лук, потоа брашно. Промешајте, додадете ладно млеко и мешајте за да ги разбиете сите грутчиња брашно. Додадете го спанаќот и сол по вкус. Гответе, мешајќи повремено, околу 15 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи: