Спасени првите две деца од пештерата во Тајланд

Спасувачките екипи извлекоа две од 12 деца, кои заедно со нивниот тренер две недели се заглавени во една пештера во Тајланд.
За да дојдат до еден од излезите на пештерата, двете момчиња минале четири киолметри.
Спасените деца веднаш се префрлени во импровизирана амбуланта во близана на пештерата каде се подложени на детални медицински прегледи.
Операцијата за спасување на децата започна претпладнево и според најавите на локалниот кризен центар, таа ќе трае два до три дена

– Тие ќе бидат извлекувани еден по еден и тоа ќе трае два до три дена, изјави раководителот на кризниот центар.
Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.


На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и ваќање назад, му се потребни 11 часа. Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.