Спасовски: Никогаш не сум се јавил за да спречам контрола во „Пулс“

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски ги отфрла обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека додека бил министер го штител работењето на дискотеката „Пулс“.
– Ова е класичен пример на очајна манипулација., Никогаш, ниту во еден момент, не сум се јавил за да спречам контрола, напротив фактот што контроли имало насекаде е најсилна потврда дека ниту сум влијаел, ниту постои било каков обид за тоа, вели Сапсовски.
Обидот на ВМРО-ДПМНЕ, го оценува како очаен обид за последна злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели. Ваквите обиди, според Спасовски, доаѓаат во момент кога јавноста знае дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ биле директно инволвирани во случајот.
– Сакам да им порачам дека со спинови и лаги не може да се побегне од фактот дека власта ја попречува правдата за трагедијата во Кочани, вели Спасовски.
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини за вмешаност на врвот на претходната Влада предводена од СДСМ за нелегално работење во дискотеката. Прашаа каква била улогата на Спасовски во заштитата на сопственикот на дискотеката.
Во дискотеката Пулс на 16 март во пожар загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи: