четврток, 12 ноември 2026
Најново

Спасувачка акција на повредено лице над селото Горно Јеловце

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Едно лице кое управувало теренско возило над селото Горно Јеловце во општина Врапчиште попладнево со тешки телесни повреди е пренесено со полициски хеликоптер до Клиничкиот центар во Скопје.
Центарот за управување со кризи информира дека во 17:24 часот е добиена пријавата на Единствениот број за итни повици 112 и дека поради тешко пристапниот терен побарано е ангажирање на хеликоптер.
И од Дирекцијата за заштита и спасување информираат за случајот додавајќи дека со повреденото лице имало уште три лица од кои еден доктор и дека тие повикале помош на 112.
– Трите лица кои биле со него, од кои едното доктор, во моментот на несреќата биле надвор од возилото веднаш пријавиле на 112 и побарале помош за извлекување на тешко повреденото лице, велат од ДЗС.

Поврзани вести