Спејко ја замени убавата Љупка за оваа девојка?!

Млади, згодни, убави, преку ноќ од тотални анонимуси стануваат познати, популарни, сакани, па дури и обожавани од дел од нацијата… А не се ниту пејач(к)и, актер(к)и, водител(к)и, спортисти, манекен(к)и… Едноставно се ултрапоупуларни, а немаат јавна професија, па дури некои од нив и никаква.
Така отприлика изгледа „производот“ од таканаречените реални шоуа, што се многу популарни и кои покрај турските серии и музичките талент натпревари, станаа најгледаните ТВ програми во целиот регион.


Македонија не е ништо покусо од останатите држави, па дури имавме и свои победници, како кумановецот Дарко – „Спејко“ пред неколку години во „Голоемиот Брат“, кој потоа стана познат моден блогер и инфлуенсер…
Особено откако влезе во шема, апотоа и во врска со својата колешка по „занает, само без ријалити искуство“, сексапилната струмичанка Љупка Митрова.
Обајцата како Бони и Клајд, беа нераздвојни и приватно и професионално, па важеа за најуспешната македонска „комерцијално-емоционална“ двојка. Секако, додека на нивната љубов не и измина рокот на траење.


Потоа секој на своја страна. И приватно и профи – соло! Љупка некако, како подобро да се снаоѓа во „рекламно-модните кампањи“ сама, додека Спејко се чини поуспешно функционира кога е во пар!
Во тукуштозавршената втора сезона на регионалното реално шоу „Задруга 2“ пак, влезе и остана до пред самиот крај и една Македонка. Сексапилната скопјанка Елеонора Миљковиќ, претходно речиси пошироко непозната, сега исто толку популарна како и Спејко.
Особено откако во „Задруга 2“ покажа што имаше да покаже: И карактерот и дружељубивоста и талентот и убавината и сексапилот…


Елеонора откри ама баш се’… Особено извајаното голо тело под тушот, сосе сите свои бујни атрибути… И одзади и однапред!
Се пак не успеа да победи, што покрај една Луна, Станија, Ана Кораќ… е навистина тешко зашто конкуренцијата од стралети беше жестока! Сеедно… Елеонора се врати дома, побогата за искуство плус и популарност со која високо ќе котира, барем некое време.
А, токму ТАА – Елеонора и ТОЈ – Спејко се сретнаа на исто место. Во емисија, само што овој пат наша, на домашна телевизија и не е реално шоу. Обајцата ги раскажаа своите „реални“ искуства во неколку минути, а реално и разменија, погледи, два реда муабет и телефонски броеви. Од страна гледано, може да се каже и понекоја искричка во очите, па којзнае… Можеби „хемијата проработе“, па ќе имаат толку многу да си кажат и разменат искуства и зад камерите.
Впрочем, чаршијата веќе почна да шпекулира дека новата селебрити љубовна двојака е родена. Останува да видиме дали Спејко ќе ја замени Љупка со Елеонора или поточно, Елеонора ќе ја замени Љупка кај Спејко?


„Задругарката“ предиспозиции, секако има… Особено природни… И однапред и одзади…
Останува само да ги усогласат карактерите. Секако, доколку навистина „хемијата проработела“?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.