Според синоптичарите на зимата – до тука и беше

Денешните ниски температури, според синоптичарите ќе бидат последни за оваа зима. Студено ќе биде и понатаму, но температурите нема да одат толку длабоко под нулата како во последните неколку седмици.
Веќе од утре се најавуваат околу 1 степен под нулата минимални температури во Скопје, а од почетокот на следната седмица ќе има и денови кога нема да се регистрираат негативни температури.
Тоа ќе биде последица од наоблачувањето кое се очекува од понеделник и кое треба да донесе главно дожд, а само на повисоките места снег. Најтопло до крајот на овој месец ќе биде кон средината на следната седмица кога се очекуваат максимални температури од 8 степени, но и минималните ќе останат над нулата.
Исклучително студен ден се очекува да имаме на крајот од идната седмица за кога и се очекува преодно разведрување. Доколку прогнозите се исполнати денот ќе биде ведар, а се очекува минималната температурата да падне и под – 15 степени Целзиусови.
Но ваквата состојба, како што најавуваат синоптичарите нема да се задржи долго, бидејќи ново наоблачување и покачување на температурите се очекува  кон крајот на месецот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.