петок, 27 ноември 2026
Најново

Според Си-Ен-Ен исчезнатиот новинар Кашоги бил убиен, а потоа исечен на парчиња

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По деветчасовниот претрес на турските истражители во саудискиот Конзулат во Истанбул повикувајќи се на неименуван турски официјален претставник Си-Ен-Ен објави дека телото на исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги е исечено на парчиња откако претходно бил убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул. Истото тврдење претходно беше објавено од „Њујорк тајмс”.
Неименуван турски официјален претставник не сакаше да коментира за начинот на отстранување на телото.
Американските медиуми претходно објавија дека Кашоги бил убиен за време на информативен разговор што излегол надвор од контрола.

 

Поврзани вести