Справување со изгубени картички: Како да постапите смирено

Кога најмалку очекувате, можете да се најдете во неочекувана ситуација: излегувате од дома и кога ќе погледнете во паричникот, вашата картичка недостасува. Со ова доаѓа талас на емоции: паника, стрес и многу прашања како „каде ја оставив?“ или „кога ја користев последен пат?“. Додека размислувате што да направите, важно е да знаете дека, дури и ако картичката навистина е изгубена, сега постои едноставно решение – дигиталната услуга Веб сервис. Со оваа алатка, блокирањето на вашата платежна картичка може да се заврши за моменти, директно од вашиот телефон.
Практичноста на оваа услуга е во тоа што можете да управувате со картичката без да мора да се повикува контакт центар или да се посетува банка. Се што ви е потребно е пристап до мобилното банкарство, кое е лесно и интуитивно дизајнирано за вас. Безбедноста е приоритет, па затоа услугата користи шифрирана комуникација, што ги заштитува вашите трансакции и лични податоци. Можете во секое време да ги следите и менувате параметрите на картичката.
Благодарение на оваа услуга, корисниците и банките добиваат големи придобивки. Автоматизацијата ги олеснува рутинските барања, што им дава можност на банкарските работници да се фокусираат на покомплексни задачи, додека корисниците добиваат побрза и подобра услуга. Веб сервис нуди лесна и сигурна контрола врз вашите финансии, дури и во случаи на сомнителни активности, кога веднаш можете да ја прилагодите или блокирате картичката.
Системот е стабилен и подготвен да се справи со зголемените потреби за дигитална достапност. Веб сервис претставува дигитален искорак и удобност за сите корисници. Дали сакате да го зголемите лимитот пред патување, да ја блокирате картичката или набрзо да проверите нешто? Сега е возможно да го сторите тоа веднаш, без објаснувања и чекање, што го прави банкарското искуство многу поудобно и ефикасно. Услугата е достапна преку партнерските банки на КаСис, кои водат со картично работење и електронска трговија.
The post Справување со изгубени картички: Како да постапите смирено appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: