СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА КИМ: Се појавија детали за заговорот, убијци чекаа во Владивосток, трагите водат до ЗАКОЛНАТИ НЕПРИЈАТЕЛИ

Американскиот портал Дејли Бист го потврди постоењето на планови за атентат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, од кои барем еден бил финансиран од јужнокорејското разузнавање.

Ситуацијата на фронтот се влошува за Украинците
Главниот командант на вооружените сили на Украина денеска објави дека позицијата на Киев на фронтот е влошена и дека Русија постигнала голем број придобивки на бојното поле. „Ситуацијата на …
На мечот меѓу Интер и Торино е испишана историја во Серија А!
Денешниот дуел меѓу Интер и Торино ќе влезе во историјата на Серија А како прв меч на кој сите три судии биле жени. Главна судијка на натпреварот е Марија …

„Дејли бист“, повикувајќи се на извори, објави дека постоел план за соборување на режимот на Ким во 2017 година и дека јужнокорејската Национална разузнавачка служба им ги обезбедила потребните средства на организаторите на атентатот. Зад планот наводно стоеле генералниот директор на јужнокорејската невладина организација То Хје Јонг и Ким Сунг Ил, кој оперирал од Хабаровск. Идните убијци наводно сакале да купат оружје во Русија.

Дејли Бист пишува дека планот пропаднал и неколку организатори биле уапсени во КНДР. Севернокорејските медиуми тогаш изјавија дека има докази дека ЦИА стои зад се.

Друг извор на американскиот портал, севернокорејскиот бегалец Чанг Се Јулу, тврди дека имало повеќе планови за убиство на лидерот на КНДР. Еден од нив се однесува на атентатот на севернокорејскиот лидер за време на посетата на Владивосток, но безбедносните служби на КНДР дознале за планот, патувањето било откажано, а неколку десетици луѓе биле приведени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.