Спреј за нос кој може да спречи зараза од коронавирусот

Спреј за нос кој може да спречи инфекција со коронавирус на поефективен начин од досега користената заштитна опрема, покажа најновата студија. 

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско направиле специјален спреј наречен AeroNabs, и тие се надеваат дека оваа алатка ќе го спречи ширењето на вирусот. 

AeroNabs содржи нано антитела, кои се имуни протеини слични на антителата кои се наоѓаат во крвта на лами, камили и алпаки. Лабораториските тестови покажаа дека ситни протеини (околу една четвртина од големината на антитела) што ги создава телото можат да го блокираат коронавирусот да влегува во клетките. 

Формулата AeroNabs мора да помине тестови на клинички испитувања за да ја докаже нејзината ефикасност во спречувањето на ширење на вирусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.