Родителите на загинатите во трагедијата во Кочани денес по комеморацијата во Собранието на Република Македонија изразија разочарување од институциите кои, како што велат тие, не ги спомнале ни со име нивните деца кои загинаа.
– „Една година чекавме да се организира комеморација, за да дојдат со два листа прочитани да се правдаат. Очекувавме барем со име и презиме по две минути да се одвојат за секое дете. Разочарување, срамота“ – велат родителите.



