Срам: Ови три наши познати фаци на излегување од продавница ги улови сензорот со неплатени производи

Многумина можеби ќе кажат дека на нашите познати личности кои се појавуваат на телевизија им е многу лесно за да изгледаат така убави и средени пред камера.
Но, тоа не е така едноставно, а и самите сте сведоци дека поголемиот дел од нашите познати, особено дамите, постојано се на разни третмани за разубавување, од коса, шминка, нокти, масажи… А за тоа секако треба пред се време, добар избор на производи за нега на кои тие бескрајно ќе се потпрат.


Па така, Миа Костова вчера попладне тргна кон една позната продавница за козметика во Скопје, а таму пред влезот првин го сретна колегата Миро Кацаров, а потоа и колешката Лила Филиповска.
Се поздравија, изгушкаа, избакнаа, а потоа се пуштија во шопинг акција по омилените производи.
Знаете дека нашите познати добиваат доста подароци, а веројатно тоа беше случајот и овој пат, кој на крај резултираше со не толку пријатна случка кога излегуваа од продавницата.


Имено, Миро до двете прекрасни колешки се упати кон излезот, така горд што од едната страна ја има Лила, а од другата Миа, ама пукна сеир кога поминаа преку сензорот кој почна да свири.
„Лопови“ си напишаа самите во описот на кусите видео снимки кои ги објавија на своите профили на Инстаграм.


Крадци сигурно не беа, но пред кувачите кои во тој момент се најдоа во продавницата – пукна сеирот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.