четврток, 12 ноември 2026
Најново

Србија гори, Вучиќ се сликаше со Џеки Чен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Светски познатиот актер и мајстор на боречки вештини Џеки Чен е назначен за амбасадор на специјализираната изложба Експо 2027, што за прв пат ќе се одржи на Западен Балкан, во Белград.

Настанот ќе се одвива под мотото „Играј за хуманост – Спорт и музика за сите“ и има за цел да покаже како преку спортот и музиката луѓето можат да се поврзат и заеднички да одговорат на глобалните предизвици.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во разговор за Euronews, Чен нагласи дека културата, спортот и музиката не треба да се гледаат одвоено, бидејќи се различни изрази на ист дух. Тој изрази уверување дека Белград во 2027 година ќе стане место на средба меѓу Истокот и Западот.

По повод назначувањето, српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со актерот и сподели фотографија на социјалните мрежи.

„Голема чест е што оваа глобална филмска ѕвезда и еден од најголемите културни амбасадори ќе го претставува EXPO во Србија. Убеден сум дека како промотор на EXPO 2027 ќе обезбеди силна поддршка за презентирање на настанот, кој ќе ја стави Србија во центарот на светското внимание“, напиша Вучиќ.

Поврзани вести