Србија: Едно лице е експресно осудено на затворска казна и уште четири лица приведени заради упадот во РТС

Прекршочен суд во Белград денеска осуди на затворска казна од 30 денови едно 19-годишно момче за кршење на Законот за јавен ред и мир во врска со упадот синоќа во зградата на РТС.
Милан Мариновиќ, претседател на Прекршочниот суд, изјави за Танјуг дека момчето било осудено по итна постапка заради прекршок – „дрско и безобразно однесување извршено во група“.


Тој ќе биде испратен веднаш во затвор за извршување на казната бидејќи жалбата на таа одлука не го одложува извршувањето, но, секако, има право да се жали, додаде Мариновиќ.
Тој истакна дека во Прекршочниот суд има уште четири лица и дека до крајот на денот судот треба да донесе одлуки за нивните предмети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.