Среќен роденден миличок!

Доколку вашиот сакан наскоро има роденден потрудете се да му го направите навистина незаборавен. Заборавете на обичните подароци, здодевните карти за некој важен спортски натпревар и направете нешто поради кое што освен тоа што ќе ви биде вечно благодарен и ќе моли за уште.
Љубовта доаѓа низ стомакот – Покажете му на партнерот дека неговиот роденден е навистина посебен ден така што ќе му зготвите вкусна вечера потполно гола или пак искористете го своето тело како послужавник за некој сладок десерт.

Време е за секс фантазија – Најпрвин резервирајте хотелска соба. Потоа оставете му порака со адресата на хотелот и бројот на собата. Додека тој дојде во хотелот, облечете се како елегантна придружничка и од глава до пети сменете го својот изглед.

Страст без граници – Имате ли табу тема во сексот? Неговиот роденден е вистинскиот момент за да ја скршите. Анален секс? Садо- мазо фетиш? Сè е за луѓе. Разубавете му го денот со нешта кои до тогаш не сте ги правеле, а знаете дека потајно ги посакува, но не се осмелува да ви ги побара.

Ништо како добар орален – Преземете иницијатива и тоа преку орален секс. Веднаш штом ќе помине низ влезната врата соблечете му ги панталоните и загрејте го „моторот“. Најверојатно ќе биде мошне збунет, но не обрнувајте внимание на тоа и посветено завршете си ја својата работа.

Повеќе текстови на оваа и слични теми

прочитајте на ПУЛС24 тука!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.