Српската влада на денешната седница донесе одлука за редовно зголемување на минималната плата од 1 јануари 2026 година на 551 евро, што е зголемување од 10,1 процент, потврди Министерството за финансии за Танјуг.
Минималната плата ќе се зголеми на 371 динар по работен час и ќе изнесува 64.554 динари месечно. Пред тоа, минималната плата ќе биде вонредно зголемена од 1 октомври годинава за 9,4 проценти или од 450 на 500 евра.
Србија ја зголемува минималната плата на 551 евро



