ССМ: Наместо исплатена плата, лаги и манипулации од раководството на Македонска пошта

Сојузот на синдикати на Македонија реагира на соопштението на Македонска пошта дека протестот на вработените кои немаат земено плата е политички мотивиран.

Во продолжение реакцијата на ССМ:

Наместо исплатена плата, лаги и манипулации од раководството на Македонска пошта

Македонска пошта соопшти дека го смета за крајно тенденциозно, несериозно и политички мотивирано организирањето штрајк во услови кога платата за сите вработени е веќе обезбедена.

Иако платата на повеќе од 1700 вработени во Македонска пошта не е исплатена со протестот и 1700 семејства беа оставени без плата и за најголемите празници, раководството на Македонска пошта наместо да исплати плата, лиферува лаги и обвинувања кон синдикатите.

ССМ цврсто застанува позади работниците и синдикатите во нивната борба за исплата на нивната изработена и заработена плата и на раководството му укажува дека трите синдикати во Пошта, дури и партискиот синдикат кој беше формиран под присила, закани и уцени кон работниците, само за да не се бара исплата или зголрмување на плата, заеднички го организираа денешниот протест што се потврдува со заедничкото ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОПШТ ПРОТЕСТ. – соопштија од Синдикатот од каде го споделија известувањето испратено до менаџментот на Пошта пред почетокот на протестот.

Пронајдете не на следниве мрежи: