ССМ: Се бориме за плата, нема напредок без трудот на работниците!

Работничката класа е темелот на секое општество. Таа ги создава вредностите, го движи производството и ја одржува економијата во живот, објавија од Сојузот на синдикати на Македонија на социјалните мрежи.

– Без трудот на работниците во фабриките, во рудниците, на нивите, во канцелариите, во услужните дејности, нема напредок, нема развој, нема иднина.

Но, и покрај својата клучна улога, работничката класа често се соочува со предизвици: ниски плати, несигурни работни места, недоволна заштита и непочитување на работничките правата.

Затоа, борбата за достоинствена работа, фер услови и социјална правда не е само потреба, туку обврска.

Солидарноста е најсилното оружје на работниците,а кога се обединети, тие имаат глас што се слуша.

Историјата покажува дека сите придобивки – од работното време до платениот одмор – се резултат на заедничка борба на работничката класа и синдикатите.

Работничката класа не бара привилегии, туку правда, не бара милост, туку почит. И токму преку таа борба, таа не се бори само за себе, туку за подобро и поправедно општество за сите.

Затоа, на 1ви Мај ,, ЗА ПЛАТА СЕ БОРИМЕ, НЕ СЕ МОЛИМЕ ” – велат од ССМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: