Стаменов: Ме убедуваат дека не треба да повикувам народот да крене глас – вака ли се однесувале и комитите кога се бореле за ние денес да имаме држава?

Борче Стаменов, човекот кој стои зад иницијативата „Донирај компјутер“ на својот Фејсбук профил објави статус во кој пишува дека добива пораки поради јавното изразување на неговиот став за пожарите во скопките депнии.

„У чат имам пораки од луѓе кои ме убедуваат да не подбуцнувам народ да крева глас оти ја сум бил хуманитарец и не било во ред. Оти ние хуманитарците треба да ќутиме ваљда оти не плаќаат за нашата хуманитарна работа која всушност не е и наша работа ама ја работиме оти тие шо треба мува не ги лази. И после ја гледам сликава и видеото од Скопје синоќа од 1 часот по полноќ до 6-7 сабајле. И си мислам овие луѓе имаат ли грам памет? Деца имаат ли? Отпорни ли се на сите болести кои со себе ги носи загадениот воздух? И си мислам вака ли се однесувале и комитите кога се бореле за ние денес да имаме држава…каква-таква?“ пишува во Фејсбук објавата на Борче Стаменов

„А од друга страна мене вечен другар ми е Џорџ Карлин шо покрај многуте работи поради кои го почитувам го има изјавено и ова: Владите не сакаат население способно за критичко размислување, туку сакаат послушни работници, луѓе доволно паметни за да ги управуваат машините и доволно глупави за пасивно да ја прифатат својата ситуација.“ – додава тој

Пронајдете не на следниве мрежи: