петок, 27 ноември 2026
Најново

“Станете заштитник на животните” – хуманитарна изложба во зоолошката градина во Скопје.

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Како што најавуваат од Зоолошката градина, посетителите ќе имаат можност да ги видат уметничките дела кои студентите на Факултетот за дизајн и мултимедија од АУЕ- Фон ги сликале на лице место во скопската зоолошка, инспирирани од животните и природата.
„Секој посетител ќе може со одредена донација да стане сопственик на едно од уметничките дела на талентираните студенти, а со тоа да биде општествено одговорен и да се приклучи кон зголемување на благосостојбата на животните во ЗОО Скопје. Ве покануваме заеднички да се дружиме на делот кај бината и игралиштето веднаш после влезот во Зоолошка градина Скопје“, посочуваат во нивното соопштение.

Поврзани вести