Стапија на сила новите царини на Трамп

Новите американски царини за стоки увезени од десетици економии стапија на сила денес, како дел од обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да создаде нов глобален трговски поредок.

Дополнителните, царини кои Трамп долго време ги највуваше стапија на сила на полноќ, заменувајќи ги за повеќето земји „основните“ царини од 10% што се во сила од април за речиси сите стоки што влегуваат во САД.

Тие драматично варираат, почнувајќи од 15 отсто до 41 отсто.

Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја, меѓу главните трговски партнери на САД, се соочуваат со царини од 15 отсто за повеќето нивни производи.

Пронајдете не на следниве мрежи: