сабота, 28 ноември 2026
Најново

Стармер го критикува Трамп за Иран: „Тоа е погрешно“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Британскиот премиер Кир Стармер ги критикуваше изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп упатени кон Иран, оценувајќи ги дека се погрешни.

Во обраќање во британскиот парламент, Стармер истакна дека заканата за „уништување на цела цивилизација“ доколку Иран не го отвори Ормускиот теснец не е соодветна реторика.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој додаде дека иранските цивили веќе претрпеле значителна штета во текот на долгогодишното владеење на режимот во Техеран, нагласувајќи ја потребата од поумерен пристап.

Дипломатските обиди за решавање на кризата засега не даваат резултати, бидејќи последните преговори меѓу САД и Иран завршија без договор.

Во меѓувреме, тензиите дополнително се зголемија по воведувањето на американската поморска блокада на иранскиот брег, при што Техеран најави можни мерки за одмазда и предупреди на последици за глобалната безбедност и енергетските пазари.

Поврзани вести