СТАРТУВА PRESPALAND 2021!

Со низа активности и концерти, овој викенд во Преспа ќе започне првиот мултимедијален фестивал посветен на овој регион, на традицијата и историјата- PRESPALAND 2021.

Во јули, август и септември, во рамки на фестивалотќе се одржуваат едукативни работилници, спортски активности, традиционални и вкусни локални приказни, музички настапи, а ќе има и многу сценски изведби, како и изложби.

За овој период, во континуитет со 11 настани ќе посетиме 6 села, ќе поминеме 200 километри во природа и ќе разубавиме 11 локации.

  Отворањето на мултимедијалниот фестивал PRESPALAND 2021 е овој викенд, на 10.07 (сабота) одбележувајќи го првиот час по македонски јазик кој се одржал во старото училиште „Димитар Влахов“, во с.Љубојно. На таа локација, од 18:00 часот посетителите ќе имаат можност да ги вкусат традиционалните, преспански рецепти. На настанот ќе настапат музичката група Перија и виртуозот на канон и саз, Џенгиз Ибрахим, а посетителите ќе уживаат и во читателите на поезија- Елена Пренџова, Игор Трпчески-Трпе, Марија Грубор и Горазд Китаноски-Кени од Поетри слем Македонија.

Следниот ден, на 11.07 (недела) на плажата Сливница (Конект Бар), со почеток од 20:30 часот, свои концерти ќе имаат дуото Дац и Александар и македонскиот романтичар Владо Јаневски.

Влезот за сите настани е бесплатен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.