Стејт департментот одобри продажба на воена опрема на Полска и Данска

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на воена опрема и логистички елементи, како и обука во контекст на продажба на оружје на Полска, во вредност од 200 милиони долари, соопшти Пентагон.

Исто така, беше одобрена продажбата на поморски патролни и извидувачки авиони П-8А и сродна опрема на Данска, во вредност од 1,8 милијарди долари, објави Ројтерс.

Главен изведувач за оваа продажба е Боинг, соопшти агенцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: