Стигна одговорот на Кина за OPEN AI – CHAT XI: Нов чет-бот обучен со мислите на претседателот Си Џинпинг! (фото)

Создаден е нов чет-бот, кој се базира на кинескиот претседател Си Џинпинг.Четботот бил трениран за „мислите“ на лидерот на Кина, односно кинеските функционери користеле голем број негови книги и написи за обука на четботот.Политичката филозофија на Си Џинпинг е колективно позната како „Мислата на Си Џинпинг за социјализмот со кинески карактеристики за нова ера“, или скратено „Мислата на Си Џинпинг“. Оваа идеолошка доктрина е создадена во периодот кога тој беше лидер на Кинеската комунистичка партија.Како што пренесува „Фајненшл тајмс“, бил разгледан документ со повеќе од 86.000 спомнувања на Си Џинпинг, на кој бил обучен чет-бот.Технологијата сè уште не е достапна за јавноста, а се користи во истражувачки центар под надзор на Кинеската управа за сајбер простор.Моделот може да одговара на прашања, да креира извештаи, да резимира информации и да преведува помеѓу кинески и англиски јазик. Тоа е основен чет-бот, кој може да ги шири идеите на Си за политиката, економијата и културата.

Пронајдете не на следниве мрежи: