четврток, 12 ноември 2026
Најново

Викенд прогноза: Стигнува летото, температури и над 30 степени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претстојниот викенд ќе биде најтоплиот во оваа година. Според прогнозите на синоптичарите по неколкуте денови во кои наврна релативно голема количина на дожд, во петок и во сабота ќе следи разведрување. Во петок се уште ќе има по некој облак, но температурите ќе поминат 30 степени во Скопје и до 33 низ Македонија. Во сабота не очекува ведар и уште потопол ден. Температурата во Скопје над 32, а во јужните делови од земјата и над 35 степени.
Слично време не очекува и во недела со повремено локално наоблачување. Во текот на целата наредна недела максималните температури ќе бидат над 30-от степен.

 

Поврзани вести