Стилот нема врска со годините – 70-годишната Маје Маск е доказ за тоа

Не е тајна дека Инстаграм е нашето онлајн одредиште кога бараме доза на модна инспирација, а вистинската стилска муза ја пронајдовме под името Маје Маск, 70-годишната жена која на некои им е позната и како мајка на американскиот инженер и претприемач Илон Маск.


Освен со моделство со коe таа се занимава над 50 години, Маје е и нутриционистка која освојува со дневните и вечерни стајлинзи кои се доказ дека за стилот, годините навистина не се важни.
Шлагот на тортата е нејзината седа коса која фантастично ѝ прилега и која одлично се вклопува во нејзината модна визија. Во продолжение, погледнете неколку комбинации на оваа модна ѕвезда и пронајдете ја својата модна инспирација.

Пронајдете не на следниве мрежи: