Стоилковски: Нема да има предвремени парламентарни избори

Советникот за комуникации и односи со јавноста во кабинетот на премиерот, Наум Стоилковски, вели дека нема да има предвремени парламентарни избори.

„Тие постојат само во умовите на Венко Филипче, Јон Фрчковски и оние ликови што остануваат во СДСМ. Предвремени парламентарни избори нема да има“, вели Стоилковски.

Стоилковски зборуваше и за изборот на новиот главен обвинител, нагласувајќи дека неговиот избор е најдемократскиот чекор што некогаш го направила една влада кон Јавното обвинителство.

Како што вели тој, станува збор за човек со чисто досие.

„Избран е човек со чиста и професионална кариера, почитуван од неговите колеги, предлогот дојде од нив, кандидатурата е негова – тој има волја, има желба, не се занимава со политика“, рече Стоилковски.
The post Стоилковски: Нема да има предвремени парламентарни избори appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: