четврток, 12 ноември 2026
Најново

Стоилов потсокнуваше на шанси и се радуваше на головите на Македонија!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Футсал репрезентацијата на Македонија имаше голема поддршка на натпреварот против Албанија (3-2), а еден од присутните во салата беше капитенот на Вардар и македонски ракометен репрезентативец, Столе Стоилов.
Во друштво на пријатели и неговиот брат Стефан, ракометарот го следеше футсал-мечот во слободното време што го доби од клубот. Потскокнуваше на секоја шанса, но и бурно се радуваше на секој погодок на македонските футсалци.


Кружниот напаѓач важи за еден од спортистите кој ги пратат сите спортски настани во нашата земја. Покрај на футсал, Стоилов може да го видиме и на кошаркарски и фудбалски натпревари, како дава поддршка на Македонија и Вардар.

Поврзани вести