Столтенберг порача дека Mакедонија мора да има 5Г мрежа за да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за Српската редакција на „Гласот на Америка“ изјави дека државите сакаат да се приклучат кон НАТО, како што е Македонија, мора да имаат безбеден начин на комуникација.
– Постојат стандарди кои мора да се исполнат кога е во прашање цивилната инфраструктура и телекомуникација, како што е 5Г. Тоа се однесува и на новите идни членки, како Македонија. Овие стандарди не се однесуваат на земјите кои не се членки, но, ние можеме да ги замолиме или да ги советуваме тоа да го направат. Нашите воени операции и сили зависат од цивилната инфраструктура, од патишта, мостови, аеродроми и подводни телекомуникациски мрежи кои ги поврзуваат двете страни на Атлантикот. Неодамна ги обновивме основните барања за цивилна инфраструктура, кои опфаќаат 5Г технологија – изјави Столтенберг, одговарајќи на прашањето за влијанието на Кина во регионот.
На прашањето зошто е важно НАТО да има отворена врата за малите држави, кои не се воено и безбедносно силни, Столтенберг одговори дека колку повеќе држави се дел од безбедносната структура, толку повеќе ќе има безбедност за сите.
– Кога нашите соседи се стабилни и ние сме безбедни. Кога тие ќе се приклучат кон НАТО, тогаш ќе станеме уште побезбедни. на тој начин ќе се обезбеди демократија, просперитет и мир за стотици милиони граѓани од Источна и Централна Европа – нагласи Столтеберг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.