Извештаите за работата на Стоматолошката комора од контролите кои ги направи министерството за здравство стигнаа во Oбвинителството. Од кабинетот на министерот Азир Алиу соопштија дека сите наоди од извшрените контроли во кои тврдат дека има низа нпревалности вчера ги предале на истражните органи.
Од стоматолошката комора пак одоговорија – конечно ќе има можност да се докажат пред непристрасна институција. Министерството за здравство ги одзеде ингеренциите на Стоматолошката комора со образложение дека контролите утврдиле низа неправилности во работењето на комората и издавањето на лиценци за стоматолози.
Министерство за здравство
„Доставени се трите извештаи за работа на комисијата за вршење надзор над законитоста на работата во вршење на јавното овластување на Стоматолошката комора од 25.02.2025 година, од 15.05 2025 и од 21.05.2025 година. Дополнително е доставено и известување до Стоматолошката комора од 11.03.2025 година, како и списи и документација од секторот за стоматолошка здарвствена заштита.“
Стоматолошката комора останува на ставот дека нема ништо незакоснко и спорно во работењето и очекуваат тоа да го докажат и пред институциите.
Стоматолошка комора
– Веста дека министерот ги доставил до обвинителството сите наводни докази за сите наводни неправилности од страна на Стоматолошка комора на Македонија ја примивме со одобрување, затоа што конечно ќе имаме можност и нашите докази да стигнат пред непристрасна институција и каде ќе може да ги потврдиме нашата тврдења за исправноста во работењето на Комората. Исто така напоменуваме дека голем дел од доказите се веќе во ОЈО како пропратен материјал на кривичната пријава која Комората ја поднесе за Комисијата за надзор врз основа на чиј извештај министерот постапи како што постапи. Случајот сега е во рацете на Обвинителството.
Основно јавно обвинителство „Документацијата вчера е доставена до Републичкото јавно обвинителство. Ќе биде распоредена кај јавен обвинител кој ќе го разгледа предметот и ќе го достави на надлежно постапување на соодветно јавно обвинителство.“
Стоматолошката комора е и под истрага и на финансиската полиција, но оттаму засега не се соопштуваат повеќе информации.
Управа за финансиска полиција
„Во моментот од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција се превземаат мерки и активности и се вршат проверки, обезбедување и анализа на документација од Стоматолошка комора на Македонија, со цел утврдување на евентуални неправилности и инкриминирани дејствија во рамките на надлежноста. Согласно одредбите од Законот за кривична постапка сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна, со цел непречно водење на кривичната постапка и успешно обезбедување на доказите неопходни за утврдување на кривичното дело и неговиот сторител не сме во можност да откриеме информации во врска со нашето постапување во конкретни случаи.“
Во моментов издавањето и продолжувањето на лиценци за стоматолози го врши министерството за здравство.
Tv24


