Бугарски европратеници поднесоа стотина амандмани на извештајот за напредокот на Македонија со кои бараат дополнителни услови што не се дел од преговарачката рамка.
Воведување модерен македонски јазик во европските документи, услов за преговори да биде работата на Мешовитата историска комисија, ревизија на Законот за здруженија и фондации и построги механизми за заштита на бугарското малцинство и санкции за говор на омраза.
По ова, известителот Томас Вајц побарал правно разјаснување од Советот на Европската унија за вториот билатерален протокол во преговарачката рамка, во обид да спречи дополнителни условувања и билатерализација на преговорите. Вајц навел дека извештајот на Европскиот парламент не смее да го прејудицира потеклото на македонскиот јазик и идентитет, а напредокот на земјата да остане заснован на Копенхашките критериуми и сопствените заслуги.
Во обид да се надмине блокадата предизвикана од принципот на едногласност, известителот Вајц предложил воведување на квалификувано мнозинство при одлуките за отворање и затворање на поглавјата. Оваа идеја, што е дел од поширока дебата за реформи на Европската унија, наидува на отпор кај дел од европратениците кои инсистираат на стриктно исполнување на сите услови.
The post Стотици амандмани поднесени од бугарските европратеници, бараат дополнителни услови за Македонија appeared first on Во Центар.



