Страдате од депресија во овој период од годината? Виновна е бојата на вашите очи!

Не сте единствени ако во текот на зимските месеци се чувствувате подепресивно, бидејќи станува збор за добро познатиот феномен, сезонско афективно нарушување . Некои научници веруваат дека на овој феномен се поподложни лицата со кафеава или потемна боја на очите.
Многумина се чувствуваат летаргично, изморено и безволно во текот на зимските месеци. Тоа се симптомите на сезонското активно нарушување, облик на депресија кој е присутен во зимските месеци.
Проблемот е типичен за овој период кога има помалку сончева светлина, а варира од намалено расположение до поголема потреба за спиење и храна.


Научниците веруваат дека ова се развива поради нерамнотежата на серотонинот и мелатонинот во организмот. Серотонинот ни дава енергија. Го нарекуваат уште и хормон на среќата, а ослободувањето на мелатонинот влијае на тоа да се чувствуваме сонливо.
И иако САД е медицински признат како еден од облиците на нарушувањето на расположението, научниците се поделени кога станува збор за неговите причинители.
Според психолозите, на поголемата подложност значајно влијае бојата на очите. Резултатите од спроведената студија покажале дека луѓето со посветли, односно со сини, сиви или светлозелени очи поретко се подложни на зимската депресија од оние со потемната боја на очите.
Тие тврдат дека причина би можело да биде количината на светлината. Светлите очи се способни да ја апсорбираат во текот на зимските денови без сонце. Тие додаваат и дека потемните очи стимулираат производство на поголемо количество мелатонин кои луѓето ги прави почувствителни и поподложни на нарушувања во однесувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.