Страницата на партијата од Влен преименувана во „Алтернативни крадци“: Кој краде од тендерите за Здравствениот дом во Куманово?!

Фејсбук страницата на партијата Алтернатива го смени името во „Алтернативни крадци“, додека реакцијата на партијата на ова беше веднаш, објавува ТВ21. Партијата вели дека нивната страница била хакната од лице по име Месуд Бајрами.

„Ја информираме јавноста дека официјалната страница на Алтернативата е хакната од лицето Месуд Бајрами. Случајот е доставен до надлежните органи, поточно до Министерството за внатрешни работи.

Нагласуваме дека дотичниот е исклучен од сите органи на Алтернативата и нема никаква врска со нашиот субјект.

Ги молиме надлежните органи да го решат овој случај на брз и ефикасен начин“, се наведува во соопштението на партијата.

Откако го смени името, страницата објави статија во која се вели:

„Зеќирија Ибрахими и Башким Муртези, излезете и покажете кој краде од тендерите за Здравствениот дом во Куманово! Напишано од: Месут Бајрами, член на Централното претседателство на Алтернарива, на неговиот Фејсбук профил.“

Пронајдете не на следниве мрежи: