Страшно: Бремена жена нашла мртов стаорец во супа

Популарниот бренд кинески ресторани изгуби 190 милиони долари , откако бремена жена најде мртов стаорец во супа.
Акциите на популарниот синџир на кинески ресторани ,,Ксиабу Ксиабу” потонаа на берзите откако трудна жена нашла мртов стаорец во супа. Инцидентот се случил на 6 септември , а од тогаш компанијата изгубила 190 милиони долари.
Грозните фотографии како жената го вади стаорецот од супата експресно се проширија на социјалните мрежи, а ресторанот во градот Шандонг е веднаш затворен.

Од компанијата се обидоа да и платат на жената да молчи и за настанатата штета, но таа понудата од 729 долари веднаш ја одбила. Нејзиниот сопруг изјавил за медиумите дека жената прво ќе оди на лекарски преглед, па потоа ќе бара отштета. Жената веќе изел голем дел од супата додека го здогледала стаорецот.
За да биде скамндалот уште поголем, еден од вработените во ресторанот ја советувал жената да абортира ако мисли дека може да се зарази од супата.
-Еве , ќе ти дадам 20.000 јуани за да одиш на абортус , викал вработениот пред присутните.
Скандалот предизвика огромни реакции во Кина, а во целиот случај се замеша и полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.