Поради обилните врнежи од дожд во италијанската област Тоскана, некои делови од Фиренца се поплавени, а властите упатија предупредување до населението да биде внимателно, пишува италијанската новинска агенција Анса.Поради невремето се случиле две несреќи. Во Рим се урна кран, а во Џенова се урна потпорен ѕид.
Severe weather in Italy: The Lamone River in Marradi has reached a historic 2.68 meters, surpassing the red threshold. With ongoing storms in the Apennines, how will local authorities manage this unprecedented flooding risk? pic.twitter.com/THfKukVNOL— TheCommonVoice (@TheWorldVoices) January 28, 2025
Неколку трамвајски линии не работат, а поплавен е и патот меѓу Фиренца и Пиза.
🚨🇮🇹 Severe Weather Alert: Trieste, ItalyA strong downburst with cloudbursts and hail has hit the Trieste area, causing disturbance. pic.twitter.com/MOg3smDmLQ— Anhedonia (@randomthingxs) January 28, 2025
Властите во Италија ги повикаа луѓето да не патуваат.„Внимавајте кога возите и патувате. Неочекувани временски непогоди ја погодија Фиренца, но ситуацијата е под контрола и се подобрува“, напиша градоначалничката на Фиренца, Сара Фунаро, на социјалната мрежа X.
Tragedia sfiorata a Roma: una gru è crollata sul balcone di un palazzo, nessun ferito. Evacuate tre famiglie, distrutta una macchina in sosta. #ANSA https://t.co/GHqcgPQ9Is— Agenzia ANSA (@Agenzia_Ansa) January 28, 2025
Општина Фиренца соопшти дека за три часа наврнале дури 39 милиметри дожд.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.