Страшно предупредување на Медведев по освојувањето на Авдијивка: Откри кои градови се цел на руска нуклеарна ракета

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев му се закани на Западот со нуклеарно оружје како никогаш досега!

Медведев, кој е познат по својата остра реторика, зборуваше ден по падот на Авдијевка и нагласи дека Русија нема да се откаже од освоените украински територии дури и по цена на нуклеарен конфликт со Западот.

– Да замислиме за момент дека Русија загуби и дека Украина и нејзините сојузници победиле. Како би изгледала таква победа на нашите непријатели, односно неонацистите и нивните западни спонзори? Не еднаш е кажано дека тоа би значело враќање на границите од 1991 година, односно директен и неповратен колапс на денешна Русија, која според Уставот вклучува нови територии. И тогаш ќе имаше насилна граѓанска војна со конечно исчезнување на нашата земја од светската мапа. Десетици милиони жртви. Смрт на нашата иднина. Распад на cè во светот – наведe Медведев на својот канал Телеграм.

Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност, предупредува дека таквото сценарио ќе доведе до нуклеарна војна. 

– И сега главното прашање: Дали навистина тие идиоти веруваат дека народот на Русија ќе проголта таква поделба на својата земја и дека раководството на земјата, на чело со врховниот командант на вооружените сили на Руската Федерација, во тој случај ќе им трепери раката да направи најтешките одлуки – вели Медведев, осврнувајќи се на ставот на шефот на британското Министерство за одбрана, Грант Шапс кој рече дека „светот не може да си дозволи“ победа на Русија.

Медведев наведува дека „ќе биде сосема поинаку“ во тој случај.

– Колапсот на Русија ќе има многу пострашни последици од резултатите дури и на најдолгата војна. Обидите за враќање на Русија на границите од 1991 година ќе доведат само до глобална војна со западните земји во која ќе го искористиме целиот стратешки арсенал на нашата земја – предупредува поранешниот претседател на Русија.

Медведев нагласи дека целите на Москва ги вклучуваат Киев, Берлин, Лондон и Вашингтон, како и други „прекрасни историски места“ кои долго време се вклучени во целите на нуклеарната тријада.

– Ќе имаме ли храброст да го направиме тоа ако се работи за исчезнување на илјадагодишна земја, нашата голема татковина, а жртвите што ги направил народот на Русија низ вековите станат залудни? Одговорот е очигледен. Затоа е подобро да ни вратите сè пред да биде доцна или сами ќе вратиме со максимални загуби за непријателот. Исто како Авдијивка. Нашите војници се херои – додаде Медведев.

Пронајдете не на следниве мрежи: