Струја во сабота и недела ќе нема во Гевгелија и Богданци

Шестчасовниот прекин ќе се одвива по реони од 6 до 12 и од 12 до 18 часот и ќе ги опфати градот и сите населени места во општина Гевгелија и дел од општина Богданци.
Корисничко енергетскиот центар на ЕВН од Гевгелија денеска соопшти дека утре и задутре поради неопходни работи за осовременување на електродистрибутивната мрежа во период од по шест часа ќе става вон функција преку 50 трафостаници од кои со струја се напојуваат општина Гевгелија и дел од општина Богданци.
Од КЕЦ Гевгелија апелираат до граѓаните и правните субјекти,професионално или приватно,деновите од претстојниот викенд да си ги организираат според најавениот прекин на електрична енергија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.